Loading

Slzii.com זוכן

זוכן (נייַעס)

ПОЧИНА РЕЖИСЕРОТ САШО МИЛЕНКОВСКИ: Зад себе остави богата театарска кариера и повеќе од 50 претстави

Радио Лидер macedonian top entertainment

Театарскиот режисер почина на 63-годишна возраст Театарскиот режисер Сашо Миленковски почина на 63-годишна возраст. Роден е во Битола во 1963 година, а зад себе остави богата театарска кариера, во која режираше повеќе од 50 претстави. Во своето творештво Миленковски поставуваше дела од големи автори, меѓу кои Шекспир, Молиер, Достоевски и Бекет. „Балканот не е мртов“ меѓу неговите најзначајни режии Една од неговите најзначајни режии беше праизведбата на „Балканот не е мртов“ од Дејан Дуковски, поставена во Битолскиот народен театар во 1992 година. Претставата освои четири награди на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, а беше изведена и на „Охридско лето“ и на „Млад отворен театар“. Со оваа претстава, како и со „Буре барут“, поставена во Македонскиот народен театар во 1994 година, Миленковски даде значаен придонес во афирмацијата на драмското творештво. Значаен придонес во македонскиот театар Во текот на кариерата ги режираше и драмите „Тетовирани души“, „Црна дупка“ и „Баханалии“ од Горан Стефановски, „Лични огласи“ од Братислав Димитров, како и „Кандид во земјата на чудата“, „Кинегонда во Карлаленд“ и „Јов“ од Венко Андоновски, поставени во Драмскиот театар во Скопје. Во 1999 година го основа независниот театар „Бабилон“. Од 2006 до 2010 година ја извршуваше функцијата директор на Македонскиот народен театар, а од 2010 година беше драматург во Драмскиот театар – Скопје, каде што активно учествуваше во креирањето на современиот репертоар. The post ПОЧИНА РЕЖИСЕРОТ САШО МИЛЕНКОВСКИ: Зад себе остави богата театарска кариера и повеќе од 50 претстави appeared first on Радио Лидер .
2026-06-29 09:15:53

וואס טוסטו?

0.031627178192139


נייַעס
נייַעס

לעצטע נייַעס און כעדליינז
Театарскиот режисер почина на 63-годишна возраст Театарскиот режисер Сашо Миленковски почина на 63-годишна возраст. Роден е во Битола во 196...
נייַעס