लोड करत आहे

Slzii.com शोधा

शोधा (बातम्या)

МАКЕДОНИЈА ГО НАДМИНУВА НАТО СТАНДАРДОТ ЗА ВЛОЖУВАЊЕ ВО МОДЕРНА ОПРЕМА Амбасадорот на САД во НАТО ја посети касарната „Илинден“

МАКЕДОНИЈА ГО НАДМИНУВА НАТО СТАНДАРДОТ ЗА ВЛОЖУВАЊЕ ВО МОДЕРНА ОПРЕМА Амбасадорот на САД во НАТО ја посети касарната „Илинден“
entertainment top

Инвестициите во Армијата, исполнувањето на НАТО-целите на способности и зацврстувањето на колективната одбрана на Алијансата беа темите на кои денеска во касарната „Илинден“ разговараа министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и амбасадорот на САД во НАТО, Метју Витакер. Министерот Мисајловски истакна дека македонскиот одбранбен буџет е во нагорна линија и е согласно предвидениот план на раст, како и дека од него 32,5 проценти се наменети за набавка на нова и модерна опрема. – Нашата држава е кредибилен сојузник со исклучително високо ниво на инвестиции во процесот на модернизација и опремување. Државата сериозно го надминува НАТО стандардот од 20 проценти за оваа намена – рече Мисајловски. Тој додаде дека државата е на добар пат да го исполни заеднички договореното ниво од 3,5% од БДП наменети за одбранбениот буџет и 1,5% од БДП за активности и проекти поврзани со одбраната до 2035 година. Генералот Лафчиски информираше дека во тек е вежбата „Блесок 26“ на која ќе се изврши оценување на Лесната пешадиска баталјонска група. Тој ја истакна поддршката на САД и сојузниците за остварување на оваа НАТО цел на способност. Во текот на посетата, припадници од Баталјонот на специјални сили и Извидувачко-разузнавачкиот баталјон реализираа методско-показна вежба, на која беа презентирани дел од нивните способности, обученост и подготвеност за извршување сложени мисии. По вежбата Витакер имаше можност да го обиколи тактичко-техничкиот збор, каде беа изложени дел од средствата, вооружувањето, опремата и возилата со кои располагаат единиците на Армијата. На настанот присуствуваа: вршителот на должност шеф на Мисијата на Амбасадата на САД, Никол Варнс, генерали во Армијата и претставници од Армијата, Министерството за одбрана и од Амбасадата на САД. Посетата на амбасадорот на САД во НАТО, Метју Витакер, претставува потврда за силното партнерство и сојузништво меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави. The post МАКЕДОНИЈА ГО НАДМИНУВА НАТО СТАНДАРДОТ ЗА ВЛОЖУВАЊЕ ВО МОДЕРНА ОПРЕМА Амбасадорот на САД во НАТО ја посети касарната „Илинден“ appeared first on Радио Лидер .
2026-04-20 20:33:35

काय करत आहात?

0.11155295372009


बातम्या
बातम्या

ताज्या बातम्या आणि ठळक बातम्या
Инвестициите во Армијата, исполнувањето на НАТО-целите на способности и зацврстувањето на колективната одбрана на Алијансата беа темите на к...
बातम्या