Министерството за внатрешни работи објави дека откако денеска ги добило дојавите за бомби во трговите центри Ист Гејт и Сити Мол во Скопје, на терен веднаш биле испратени екипи за проверка. Вработени во еден од трговските центри посочија дека околу 10:30 часот добиле известување дека треба да ги напуштат работните места, а трговскиот центар и по два часа не беше отворен за купувачите. - Денеска (19.04.2026) на електронска адреса на Министерството за внатрешни работи е добиена порака со закана дека во трговските центри „East gate“ и „Diamond“ во Скопје се поставени експлозивни направи - информираа од МВР. Полициски службеници, додаваат оттаму, преземаат мерки и вршат проверки во трговските центри. Ова е прв пат дојави за бомби да има за двата најголеми скопски трговски центри во недела, кога очекувано најголем дел од граѓаните пазарат таму бидејќи во другите продавници е неработен ден. ФОТО: МИА
2026-04-19 10:38:00