Loading

Slzii.com Search

Search (News)

Нова железничка линија ќе ги поврзе Прилеп, Битола и Жабени - колку ќе чини билетот?

Нова железничка линија ќе ги поврзе Прилеп, Битола и Жабени - колку ќе чини билетот?
business

Од јуни нова железничка линија ќе ги поврзе Прилеп, Битола и Жабени, а повратен билет ќе чини 150 денари. Николоски вели дека железничката линија се воведува за на граѓаните што имаат дневна потреба помеѓу овие два града, како и за оние што работат во индустриската зона Жабени, да им се овозможи брзо и навремено пристигнување, додека во меѓувреме трае изградбата на автопатот Прилеп-Битола. „Свесни сме дека во моментов е отежната комуникацијата помеѓу Прилеп и Битола. Се користи стариот пат кој е со помал проток и за таа цел најдоцна до јуни ќе пуштиме меѓуградски воз кој би оперирал на линија Прилеп-Битола-Жабени за на тој начин да можат оние што имаат дневна потреба помеѓу овие два града, а и оние што работат во индустриската зона Жабени да го користат возот, што би значело навремено и брзо пристигнување“, рече Николоски по увидот на изградбата на автопатот Прилеп-Битола. Министерот рече дека изградбата на автопатот Прилеп-Битола тече одлично. Според најавите на изведувачите, автопатската делница треба да биде готова пред рокот, кој е до крајот на 2029 година. „Она што го добив како ветување од изведувачите е дека следната пролет ќе можеме да возиме по првите километри од автопатот Прилеп-Битола, а пред рокот да се заврши целиот автопат. Добив ветување дека пролетта 2029 година ќе има комплетно автопатско решение од Прилеп до Битола“, рече Николоски. Министерот рече дека во текот на јуни или јули годинава се очекува да биде готово и конечното решение за продолжување со работата на патот после тунелите кај Фариш. фото Фејсбук
2026-04-16 14:17:00

What are you doing?

0.11658692359924


News
News

Latest News and Headlines
Од јуни нова железничка линија ќе ги поврзе Прилеп, Битола и Жабени, а повратен билет ќе чини 150 денари. Николоски вели дека железничката...
News