Унгарски избори: Отворени гласачки места, околу 7,5 милиони граѓани избираат нов парламент 10.047 гласачки места се отворија во Унгарија во 6:00 часот утрово и се очекува околу 7,5 милиони гласачи да гласаат до 19:00 часот вечерва, објавија денес унгарските медиуми. Националната изборна канцеларија (НВО) ќе ја информира јавноста за излезноста седум пати во текот на денот на изборите, во 7:00, 9:00, 11:00, 13:00, 15:00, 17:00 и 18:30 часот, објавува унгарскиот „Немзет“. Објавувањето на прелиминарните резултати ќе започне кратко по затворањето на гласачките места, а се очекува дека 92-95 проценти од гласовите ќе бидат обработени до 23:00 часот вечерва. Денес во Унгарија се одржуваат парламентарни избори, со повеќе од 8,1 милиони гласачи кои имаат право на глас, а според Националната изборна канцеларија, речиси половина милион унгарски граѓани, претежно од Романија и Србија, можат да гласаат по пошта од други земји. Според анкетите на јавното мислење, главни соперници се партијата Фидес на актуелниот унгарски премиер Виктор Орбан и проевропската партија Тиса, предводена од Петер Маѓар. На изборите, кои се одржуваат во 106 изборни единици, ќе бидат избрани 199 членови на Унгарското национално собрание. Рокот за објавување на резултатите од изборите е 18 април, додека конечните резултати треба да бидат објавени до 4 мај. За партиите, прагот за влез во парламентот е пет проценти од гласовите. Унгарскиот премиер го избира парламентот со просто мнозинство, а унгарскиот претседател поднесува предлог за мандатар за новата влада, кој обично е кандидат на партијата што ги добила изборите, а потоа парламентот гласа за номинацијата. Доколку парламентот не го избере предложеното лице, претседателот поднесува нов предлог во рок од 15 дена, а доколку парламентот повторно не успее да избере нов мандатар, претседателот може да го распушти парламентот и да распише нови избори. Овие парламентарни избори се десетти по ред од враќањето на слободните избори во Унгарија во 1990 година,
2026-04-12 06:57:00