ИМАЛО ПРОПУСТИ КАЈ 39 ПОЛИЦАЈЦИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕТО НА СТОЈАНЧЕ ЈОВАНОВСКИ Одделот за внатрешна контрола утврдил дека 39 припадници на полицијата погрешно постапиле во случаите каде Стојанче Јовановски, обвинет за три кривични дела меѓу кои и наведување на самоубиство на сопругата Ивана, бил пријавуван од страна на сопругата, но и од страна на други лица, пишува „Слободен печат“. Одговорот кој го добиле од МВР гласи: „Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди утврдил пропусти во постапувањето на 39 свои полициски службеници кои постапувале по пријавите за семејно насилство во конкретниот случај.“ ТРОЈЦА ПОЛИЦАЈЦИ ОБВИНЕТИ ЗА ПОЖАРОТ ВО „ПУЛС“ НЕ ЧУВСТВУВААТ ВИНА Со сослушување сведоци предложени од одбраната, денеска, во Основниот кривичен суд Скопје продолжува судењето против тројцата обвинети полициски службеници од Кочани за постапувањето при контролите поврзани со дискотеката „Пулс“. На почетокот на судењето тројцата обвинети пред судот изјавија дека не се чувствуваат виновно по обвинението што произлегува од постапувањето при контролите поврзани со дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде што на 16 март минатата година во пожар животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени. Судењето го води судијката Лидија Петровска, а застапник на обвинението е јавната обвинителка Спасенка Андонова. ЛЕНЧЕ РИСТОСКА НЕМА ДА ГИ ВОДИ „ТАЛИР 1“ И „ТАЛИР 2“ Новиот државен јавен обвинител Ненад Севески денеска на брифинг со новинарите најавил дека ќе ги повлече сите овластувања на обвинителите кои водат предмети што не се од нивните матични обвинителства. Ова значи дека ќе ѝ бидат одземени предметите на обвинителката Ленче Ристоска за случаите „Талир 1“ и „Талир 2“, или практично предмети од кои е засегната власта бидејќи се однесуваат на перење пари и на незаконското финансирање на луксузната Бела палата од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Иако државниот обвинител не ја поврза одлуката со нив, тој не негираше дека индиректно тие случаи ќе бидат прераспределени, односно дека нема да ѝ ги врати на Ристоска, преставувајќи ја одлуката како техничка, а не политичка. ОД УТРЕ ЛЕБОТ ЌЕ ПОСКАПИ Од 1 април, во дел од пекарниците во Штип, Кочани, Прилеп и Битола се очекува повисока цена на одредени видови леб, покажуваат информациите што ги објави Телма. Станува збор за белиот леб од 450 грама, кој во моментов во дел од продавниците се продава за околу 35 денари, како и за стандардниот леб тип 500. Според реакции на граѓани, во одредени продажни места веќе е забележана и повисока цена на сечканиот бел леб, кој достигнува до 40 денари. За причините зад најавеното поскапување, пекарот Малинов вели дека производителите подолг период работеле со исти цени, иако трошоците во меѓувреме значително се зголемиле. ЧИТАЈТЕ УШТЕ Најновиот финансиски извештај на компанијата „Скопски Пазар АД Скопје“ за периодот јануари – декември 2025 година открива дека се позитивни финансиски резултати. Најголемиот призводител на електрична енергија и столбот на македонското електростопанство - АД ЕСМ и годината 2025 ќе ја заврши со загуба од над 100 милиони евра, нешто што порано беше незамисливо. Ако ги споредиме миграциите на населението од Македонија во Израел, Иран и САД, и обратно, заклучокот е дека САД е земја каде Македонците заминуваат, но и Американци се доселуваат во нашата држава.
2026-03-31 20:29:00