Chargement

Slzii.com Recherche

Recherche (Nouvelles)

Јавна расправа за новиот закон за обвинителство

top

Гаранција за поголеми плати, дисциплински постапки по јасни критериуми и во одреден рок, кои нема да бидат злоупотребени за притисок врз обвинителите, државен јавен обвинител со менаџерски способности, но и поактивна улога на обвинителите, со користење бази на податоци и соработка со свои колеги од странство... Експертите и фелата денеска, на јавна расправа во Собранието, го коментираа новиот предлог-закон за јавно обвинителство. Според обвинителите, најбитно им е да имаат достоинствен материјален статус како гаранција за независност. Адвокатската фела, пак, ги поздрави новите критериуми за избор на државен обвинител, кои би гарантирале зголемување на довербата од само 2 отсто. Од работната група, која го подготвувала законот, велат дека особено внимавале на ефикасни дисциплински постапки за лошите обвинители. Професорите и експертите со свои предлози за подобрување на состојбите во обвинителството. Новиот закон за обвинителство е дел од реформската агенда. Пратениците до вечер ќе можат да поднесуваат и амандмани. Планот е да биде донесен до крајот на месецот. Фото за вовед: YouTube видео: Embedded video for Јавна расправа за новиот закон за обвинителство Категорија: Македонија Новинар: Катерина Нешкова
2026-03-17 15:46:17

Que fais-tu?

0.11465096473694


Nouvelles
Nouvelles

Dernières nouvelles et titres
Гаранција за поголеми плати, дисциплински постапки по јасни критериуми и во одреден рок, кои нема да бидат злоупотребени за притисок врз обв...
Nouvelles