تحميل

Slzii.com يبحث

يبحث (أخبار)

Томас Златков и Александар Стојанов добија бисти на стадионот во Кочани по една година од трагедијата

top lifestyle

Бистите на Томас Златков и Александар Стојанов верните навивачи на „Сејмени“ на Фудбалскиот клуб „Осогово“ во Кочани, а кои загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ пред речиси една година денеска беа откриени на Градскиот стадион од страна на нивните пријатели и семејства. На откривањето на бистите на Томас и на Александар присуствуваа и пратеникот во македонското Собрание, Миле Лефков и претседателот на советот на Општина Кочани, Александар Антов. Јулија Златкова мајка на Томас Златков се обрати пред навивачите на групата „Сејмени“ и публиката на ФК „Осогово“. Таа вели дека стои со чувство на огромна болка и тага, бидејќи како што рече нема погоголема болка кога мајка ќе го изгуби своето дете во трагедија. -Томас и Александар навистина беа посебни. Овие бисти кои се поставуваат во нивна чест се токму овде на трибините, каде што се чувствуваше најмногу нивната енергија и секогаш кога ќе доаѓаме овде на стадионот, иако сме ние тажни како нивно семејство ќе бидеме и горди, бидејќи се наоѓаат на местото каде што беа најсреќни, каде што најмногу се чувствуваше нивната енергија, рече Златкова. Таа порача бистите на Томас и Александар да стојат како вечен симбол на нивниот живот и дека најголемото богатство што човек може да го остави зад себе е добрината и споменот во срцата на луѓето.
2026-03-14 16:34:00

ماذا تفعل؟

0.11278104782104


أخبار
أخبار

آخر الأخبار والعناوين
Бистите на Томас Златков и Александар Стојанов верните навивачи на „Сејмени“ на Фудбалскиот клуб „Осогово“ во Кочани, а кои загинаа во пожар...
أخبار