Во Србија од 1 јуни до 30 август се регистрирани 18 случаи на западнонилска треска, покажуваат најновите податоци на Институтот за јавно здравје на Србија „Д-р Милан Јовановиќ Батут“. Тоа се седум заболени повеќе отколку во претходната недела до 24 август, кога според податоците на Институтот имаше 11 заболени. Батут објави дека 18-те случаи се регистрирани на територијата на седум окрузи, дека меѓу заболените има 12 мажи и шест жени, како и оти нивната просечна старост е 63,2 години. Сезоната на овој вирус во Србија обично трае од јуни до ноември, а главни преносители се комарците. Со цел намалување на ризикот од заразување со вирусот на Западен Нил, се препорачува примена на мерки за лична заштита од убоди од комарци. MИА
2026-09-01 17:24:44