Memuat

Slzii.com Mencari

Mencari (Berita)

СП 2026: Стартуваат четвртфиналните пресметки

СП 2026: Стартуваат четвртфиналните пресметки
Сител Телевизија macedonian sports top

До крајот на Светското првенство во фудбал остануваат да се одиграат уште осум натпревари, што значи дека Мундијалот влегува во својата завршница. Со денешниот дуел меѓу Франција и Мароко што се игра во Бостон стартуваат четвртфиналните пресметки. Светскиот првак од 2018 Франција е фаворит во дуелот со Мароко, но токму африканската репрезентација е таа на која и се даваат најмногу шанси за изненадувања. Почетокот на натпреварот е во 22 часот. Победникот од овој натпревар во полуфиналето ќе игра со поуспешниот од утрешниот натпревар меѓу Шпанија и Белгија што се игра во Лос Анџелес. Уште една европска пресметка ќе се игра и во Мајами меѓу Норвешка и Англија, а поуспешниот од овој дуел ќе игра со победникот од натпреварот Аргентина – Швајцарија. Во завршницата меѓу осумте репрезентации има шест од Европа, светскиот првак Аргентина и Мароко како репрезент на Африка. Полуфиналните натпревари се играат на 14 и 15.јули, дуелот за бронзениот медал е на 18.јули, а финалето ќе се игра на 19.јули на стадионот во Њу Џерси.
2026-07-09 08:06:41

Apa yang sedang kamu lakukan?

0.036603212356567


Berita
Berita

Berita dan Berita Terbaru
До крајот на Светското првенство во фудбал остануваат да се одиграат уште осум натпревари, што значи дека Мундијалот влегува во својата завр...
Berita