Илјада и десет килограми небезбедна “здрава храна” уништијаинспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) кај 14оператори во рамки на 373 контроли спровдени неделава, кај оператори именуваникако објекти за производство и промет со здрава храна.- Со контролите утврдено едека 14 оператори воопшпто не биле регистрирани како оператори со храна воАгенцијата. За утврдените недоследности со контролите, издадени се 65 решенија,19 опомени и 44 парични казни, во вкупна вредност од 20.550 евра во денарскапротиввредност. Кај 9 оператори со контролите утврдени биле незадоволителнихигиенски и технички услови во објектите, кај 7 била пронајдена храна сопоминат рок на употреба. Кај двајца оператори најдена била и храна со непознатопотекло - се посочува во објавата на АХВ.Додаваат дека несоодветно означена била храната кај 18 оператори, а кај 23,вработените немале спроведено задолжитрелен здравствен преглед. Двајца одоператорите немале воспоставени процедури за Добра производствена и Добрахигиенска пракса, или не воделе соодветни записи. Кај исто толку оператори небила извршена задолжителна дезинфекција, дезинсекција и дератизација вообјектите.Фото: Архива
2026-02-21 09:18:00