Hleðsla

Slzii.com Leita

Leita (Fréttir)

ФАКТОР НА ДЕНОТ: ССМ пак излезе на блокада и порача дека ако нема повисоки плати, постојано ќе бидат на улица

top lifestyle

ССМ ПАК ИЗЛЕЗЕ НА БЛОКАДИПо бројните реакции во јавноста дека мал број синдикалци излегле на блокадите, се огласи претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов. Според него, таква одлука е донесена за да ги заштитат работниците.„Зошто сме на 2 места по 21 човек пред газдите, за да ги заштитиме работниците, затоа што ќе ги обележуваат, за да ги исплашат“, напиша тој.МИЦКОСКИ ВЕЛИ ДЕКА ТРЕНДАФИЛОВ ТРЕБА ДА СЕ ИЗВИНИ НА ДАФИНА СТОЈАНОСКАПремиерот Христијан Мицкоски денеска на настан во Карпош рече дека претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија,Слободан Трендафилов, бил со крвави зеници во неговата реакција откако пратеничката Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ сними и објави видео на кое беа малолетните деца на синдикалниот лидер.На прашањето дали го оправдува потегот на Стојановска да објави видео со децета на Трендафилов, Мицкоски рече дека првиот човек на ССМ е тој што треба да се извини затоа што,според премиерот, претерал во реакцијата.Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија(ССМ), Слободан Трендафилов вечерва се заблагодари на власта за пи-арот што, според него, насмеал половина, држава, а ја свртел против нив и другата половина. Ова е саркастична реакција на повикот на Унијата на жените на ВМРО-ДПМНЕ јавното обвинителство да покрене истрага против Трендафилов затоа што возел службено возило за приватни цели, откако пратеничката Дафина Стојаноска објави видео.МАРКО БИСЛИМОВСКИ СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ОД РКЕПретседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски денеска поднесе оставка, дознава порталот Дојче веле.Како што пишува порталот, Бислимоски утрово со писмо го информирал претседателот на Собранието дека се повлекува од фунцијата на која за првпат беше избран во јуни 2018 година.ОБВИНИТЕЛКАТА ЈОСИФОСКА ВЕЛИ ДЕКА ТВРДЕЊАТА НА КАДРИУ СЕ ЛАГАИ Јавната обвинителка Елизабета Јосифоска испрати реакција на изјавите на адвокатката Лејла Кадриу во телевизиско гостување.- Адвокатката Лејла Кадриу во емисијата „Вечерното шоу на Богдан Илиевски“ емитувана на 06.02.2026 година на ТВ Алфа изнесе низа невистини, лаги и клевети во однос на моето постапување како јавен обвинител во Специјалното јавно обвинителство, во однос на постапувањето на другите јавни обвинители во тоа обвинителство и во однос на работењето на целото Специјално јавно обвинителство.Сметам дека овие лажни и клеветнички изнесувања се направени со цел да се наруши мојата чест и професионален углед, но и да се дискредитира работењето на целата институција Специјално јавно обвинителство - пишува Јосифоска во рекацијата. ЧИТАЈТЕ УШТЕЕвропејците практикуваат често да патуваат со воз и во своите земји и во странство, но во Македонија се случува обратното. За исплата на кредити за изградба на патишта кон странски финансиски институции за оваа година ќе бидат потребни речиси двојно повеќе пари отколку минатата година.Европа е нов крал на кокаинот со зголемена потрошувачка на нелегалната супстанца кој се шверцува од Латинска Америка. фото Фејсбук/Слободан Трендафилов
2026-02-12 21:32:00

Hvað ertu að gera?

0.10952687263489


Fréttir
Fréttir

Nýjustu fréttir og fyrirsagnir
ССМ ПАК ИЗЛЕЗЕ НА БЛОКАДИПо бројните реакции во јавноста дека мал број синдикалци излегле на блокадите, се огласи претседателот на ССМ, Слоб...
Fréttir