Loading

Slzii.com Search

Search (News)

Струмица ја проширува гасоводната мрежа

Струмица ја проширува гасоводната мрежа
macedonian top technology

Струмица ја проширува секундарната гасоводна мрежа, а во моментов се реализираат и нови приклучоци за домаќинствата и стопанските субјекти. Од Струмица Гас информираат дека паралелно со изградбата на нови делници, во соработка со ЦИРКО се вршат и технички тестирања на новите делови од мрежата пред нивното пуштање во употреба. Во моментов, вкупната должина на гасоводната мрежа во Струмица надминува 44 километри. Дополнителен поттик за приклучување на мрежата се субвенциите што ги обезбедува Општина Струмица. За физичките лица приклучокот е целосно бесплатен, а се субвенционира и дел од месечната потрошувачка на природен гас. Од јавното претпријатие велат дека и ова е една од мерките за намалување на аерозагадувањето. Од претпријатието најавуваат дека инвестициите и проширувањето на секундарната гасоводна мрежа ќе продолжат и во наредниот период, со цел поголем број домаќинства и компании да добијат пристап до природен гас како поеколошки и поекономичен енергенc. Фото за вовед: YouTube видео: Embedded video for Струмица ја проширува гасоводната мрежа Категорија: Македонија Новинар: Зоран Ѓоргиев
2026-05-19 10:21:19

What are you doing?

0.099602937698364


News
News

Latest News and Headlines
Струмица ја проширува секундарната гасоводна мрежа, а во моментов се реализираат и нови приклучоци за домаќинствата и стопанските субјекти....
News