Loading

Slzii.com Search

Search (News)

Кир Стармер пред оставка?! - Британските медиуми тврдат дека сака достоинствено да се повлече

Кир Стармер пред оставка?! - Британските медиуми тврдат дека сака достоинствено да се повлече
macedonian world

Премиерот на Велика Британија, Кир Стармер, ќе ја напушти функцијата бидејќи самостојно донел таква одлука, наведува британскиот „Дејли мејл“, повикувајќи се на неименувани извори во британската влада. - Кир Стармер им рекол на своите блиски пријатели дека има намера да ја напушти премиерската функција - се наведува во текстот на „ Дејли мејл “. Според неименуван соговорник на британскиот весник, премиерот ја разбира политичката ситуација што се создала во земјата и сака достоинствено да се повлече од функцијата, но засега не е јасно кога точно ќе биде соопштена таа одлука. Во мај, речиси сто пратеници го повикаа премиерот Стармер да поднесе оставка по неуспехот на лабуристите на локалните избори. Од друга страна и „ ITV News “ објави дека неколку министри му порачале на Стармер да размисли за својата позиција и за можен распоред за повлекување, но и дека владини соработници поднеле оставки и им се приклучиле на пратениците кои бараат Стармер да се повлече. Во знак на протест, оставка поднеле и неколку владини функционери, меѓу кои и министерот за здравство Вес Стритинг, кој се смета за клучен ривал на Стармер. Како што претходно пренесе дневниот весник „Телеграф“, градоначалникот на Манчестер, Енди Бернам, кој исто така се смета за противник на актуелниот лидер на лабуристите, има намера да се кандидира за парламент, што би му овозможило да се бори и за премиерската функција.
2026-05-17 06:38:00

What are you doing?

0.12702918052673


News
News

Latest News and Headlines
Премиерот на Велика Британија, Кир Стармер, ќе ја напушти функцијата бидејќи самостојно донел таква одлука, наведува британскиот „Дејли ме...
News