تحميل

Slzii.com يبحث

يبحث (أخبار)

Мицкоски: Преку јазикот ја чуваме душата на народот, тој е чувар на нашата меморија

macedonian lifestyle top politics

Премиерот Христијан Мицкоски денеска упати честитка до граѓаните по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Во своето обраќање, тој нагласува дека јазикот претставува темел на духовната и националната самобитност на македонскиот народ. „Македонскиот јазик не е само средство за комуникација, туку жив сведок на вековната историја, чувар на колективната меморија и најсилен израз на нашата културна и национална посебност. Во неговите зборови се вткаени борбите, надежите и стремежите на генерации кои го граделе и зачувале нашето постоење“, се вели во честитката од Мицкоски. Премиерот посочува дека главната должност денес е негување и достоинствено претставување на македонскиот јазик како на домашен, така и на меѓународен план. „Во време на предизвици, потребна е мудрост, единство и непоколеблива верба во вредностите што не дефинираат. Како општество и како држава, остануваме цврсто определени да го заштитиме и афирмираме македонскиот јазик како неотуѓиво културно и историско наследство. Тој е наша заедничка обврска, но и наша заедничка иднина“, потенцира тој. Мицкоски порачува дека 5 Мај треба да биде потсетник за чување на народната душа и ја завршува честитката со пораката: „Нека 5 Мај биде потсетник дека преку јазикот ја чуваме душата на народот. Честит Ден на македонскиот јазик!“. The post Мицкоски: Преку јазикот ја чуваме душата на народот, тој е чувар на нашата меморија appeared first on Радио Лидер .
2026-05-05 09:55:50

ماذا تفعل؟

0.12387204170227


أخبار
أخبار

آخر الأخبار والعناوين
Премиерот Христијан Мицкоски денеска упати честитка до граѓаните по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Во своето обраќање, тој наг...
أخبار