Loading

Slzii.com Search

Search (News)

Иран ќе бара репарации, има услови за крај на војната

top

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан вечерва ги постави условите за завршување на војната со САД и Израел. Војната почна на 28 февруари, а во нападите во Техеран загина и ајатолахот Али Хамнеи. „Единствениот начин да се заврши оваа војна, која ја почнаа ционистичкиот режим и Соединетите Американски Држави, е да се признаат легитимните права на Иран, да се исплатат репарации и да се обезбедат цврсти меѓународни гаранции против каква било идна агресија“, напиша Пезешкијан на Х, пренесе МИА. Иранскиот претседател додаде дека за време на разговорите со лидерите на Русија и Пакистан, ја потврдил посветеноста на Иран за мир во регионот. Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД ја уништиле иранската морнарица, системите за воздушна одбрана, радарите и военото раководство во нападите врз Иран. Другите цели во Иран рече дека можат да ги уништат во рок од еден час.
2026-03-11 20:36:00

What are you doing?

0.099913120269775


News
News

Latest News and Headlines
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан вечерва ги постави условите за завршување на војната со САД и Израел. Војната почна на 28 февруари, а...
News